Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста, велат од Владата.

-Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително придонесуваат за вознемирување на јавноста. Во овие моменти на тага, Ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за цела држава и да сочувствуваме со болката на најблиските. Сѐ што има во интерес на истрагата, Владата, Министерството за внатрешни работи и сите други органи транспарентно и навремено преку прес-конференции и преку соопштенија известуваат за најновите информации. Никој нема да биде поштеден од одговорност, без разлика колкава и да биде вината на кој било инволвиран во овој случај, соодветно ќе одговара, посочуваат од македонската Влада.

Повторуваат дека ништо нема да биде скриено и дека стојат на располагање за дополнителни прашања од интерес на јавноста.

-Исто така, Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070270370. Ова е најмалку што можеме да направиме во овие тешки и болни моменти. Воедно, информираме дека Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат, велат тие.

Во прилог ги испраќаат броевите: 

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:

075/273-732

075/268-736

Турција-Анкара

+90 5316579200

+90 5335725684

Турција-Истанбул

+90 542 810 99 78

+90 552 561 80 09

Грција-Атина

+30 6944190134

+30 6947736602

Грција-Солун

+30 694 525 8536

Бугарија

+359 876123768

+359 876112993

+359 889210005

Србија

+381 601382942

+381 601427455

Унгарија

+363 03037377

Литванија-Полска

+48 608141191

Австрија

+436644680520

+436767069209

Словенија

+386 41 353 198

+386 40 800 747

Хрватска

+385 99 524 4741

+385 91 608 2944

Норвешка

+47 406 31 613

+47 922 34 630

Италија

+39 3384079247

+39 3518504187

Полска

+48 608 141191

Шведска

+46 701844605

+46 768792019