Урината уште од одамна служи како помагало при дијагностицирање на најразлични болести. Бојата, густината и миризбата на урината им откриваат многу работи на докторите, во врска со здравјето на пациентот.
Бојата на урината зависи од толку колку течности пиете. Ако станува збор за доволна количина, тогаш урината има многу светла боја, дури проѕирна. Ако телото ви е дехидрирано, урината е темна и има посилен мирис. Колку повеќе течности му недостигаат на вашиот организам, толку е потемна урината.
Кога ќе забележите промена на бојата, најпрво напијте се доста вода. При следното мокрење, погледнете дали ситуација е подобра. Запаметете, кога ќе почувствувате жед, телото ви е веќе дехидрирано. Затоа пијте вода во текот на целиот ден, посебно за време на пеколните температури, бидејќи поради потењето течноста нагло се губи.
Исто така, со внесување на доволно течности го намалувате ризикот од инфекции на уринарниот тракт и поединечни болести на бубрезите.
Промената на бојата на урината, не мора секогаш да биде знак за недостаток на течности во телото. Понекогаш може да биде показател за сериозни заболувања. На веб сајтот на американската Клиника Кливленд, може да се пронајде објаснување за тоа каква се може да биде бојата на урината, што тоа значи и кога треба да се посети доктор.
- Миризбата на урината открива проблеми
Според миризбата може да се заклучи што сте јаделе, или пак дека нешто не е во ред со вашето здравје. Промената на вообичаениот мирис, може да укаже на инфекција (тогаш тоа доаѓа во комбинација со други симптоми). Тогаш урината има многу непријатен мирис, сличен на амонијакот.
Слаткиот мирис открива дијабетес. Ако мирисот потсетува на риба, можно е да станува збор за проблеми со црниот дроб.
Мирисот на урината е поинтензивен и кога не внесувате доволно течности, јадете лук или кромид, како и ако внесувате додатоци во исхраната, како некои витамини. Миризбата може да се промени и при внесување на големи количини на кафе и алкохол.
Доколку воочите нешто сомнително, веднаш посетете доктор.
- Погрешно е да се пие многу вода
Претераното пиење на вода може да ја намали концентрацијата на натриум во крвта, а тоа има штетно влијание врз здравјето.
Ниската концентрација на натриум доведува до пореметување кое се вика – хипонатриемија, а кое се создава и поради некои здравствени состојби, но и при претерано внесување на течности. Тогаш доаѓа до разредување на концентрацијата на натриум во организмот, па количината на вода во телото расте.
Тоа пак, може да доведе до компликации со здравјето, од многу благи до исклучително опасни.