Најголемото родилиште во земјата ќе го зајакнува медицинскиот кадар. Од Клиниката за Гинекологија најавија дека во тек е постапка за вработување на 20 медицински сестри кои ќе бидат вработени на неопределено време. Најголем број од нив ќе бидат волонтери кои на клиниката биле ангажирани преку Агенција за привремени вработувања. Покрај сестри, ќе вработуваат и пет педијатри и пет анестезиолози. Ова е една од мерките за намалување на смртноста на новороденчињата преку засилен капацитет од здравствени работници.
Гинекологија ќе вработува 20 медицински сестри и 10 лекари
Најголемото родилиште во земјата ќе го зајакнува медицинскиот кадар. Од Клиниката за Гинекологија најавија дека во тек е постапка за вработување на 20 медицински сестри кои ќе бидат вработени на…
Categories: Здравство
Ознаки: анестезиолози, вработувања, гинекологија, медицински, педијатри, сестри
Related Articles