Децата со посебни потреби сместени во Дневниот центар во Тетово, и учениците кои учат во посебните паралелки во основните училишта, Светскиот ден на лицата со аутизам го одбележаа со креативност, преточена преку заедничка работилница.
На заедничката работилница беа изработени различни предмети и цртежи. Целта на денешниот настан по повод Светскиот ден на лицата со аутизам, е подигање на јавната свест во општеството за аутизмот.
Иако се преземаат најразлични акции, не се преземаат конкренти мерки за подобрување на условите за живот на лицата со аутизам и негово третирање.
Втори Април се одбележува како светски ден посветен на информирање и активизам за аутизмот, почнувајќи од 2008 година.