Ретки се основните или средни училишта во Македонија кои нудат соодветни услови за прием на деца со посебни потреби, особено на оние кои се движат со помош на количка. Поради тоа многу деца со посебни потреби се принудени да го прекинат образовниот процес. Освен импровизираната рампа на влезот во училиштата, тие немаат никаква друга помошна алтернатива што би го дозволила нивното слободно движење.
Контактирајќи со многу семејства кои имаат деца со посебни потреби, никој од нив не сакаше да зборува отворено и официјално, меѓутоа позади камерата и нашиот објектив велат дека нивните деца се соочуваат со огромни проблеми почнувајќи од нивниот дом, па сè до училиштето. Се соочуваат со катастрофална инфраструктура, блокирани тротоари, несоодветни автобуси и многу повеќе други пречки.
Каде е министерот Филипче да ги посочи мерките кои ќе се превземат за оваа ранлива категорија на сограѓани, каде е министерката Царовска заедно и во соработка со министерот Венко да ги решат спорните работи за оваа ранлива категорија на граѓани и да излезат во пресрет на нивните потреби. Каде се Царовска и Филипче да одговорат пред народот што превземаат по ова прашање?
Лесно е да се седне на министерското место, лесно е да се договараат тендери во 4-ри очи, тешки се обврските кои доаѓаат со функцијата министер и грижата за сопствениот народ. Тоа не е одлика на секој министер и секој тоа не го може!