По најавата на министерот за приватниот сектор да ја финансира и да стопанисува со Итната медицинска помош и Домашната посета на Бирото, на јавни набавки се појави и оглас за изработка на физибилити студија кој беше објавен пред неколку дена, а прибирањето на понуди е до 14 ноември.
За вакво нешто министерот се правда дека со оваа одлука сака преку јавно приватно партнерство да ја поправи лошата состојбата во која се наоѓаат овие две служби.
Во Министерството за здравство ваквиот потег го објаснуваат со фактот дека јавното здравство во последните години покажало слаби резултати во менаџирањето во делот на Итната медицинска помош.