Мила Царовска, еден од министрите во владата на СДСМ, која е на позицијата министер за труд и социјална политика, во текот на вчерашниот ден излезе со соопштение дека измените на законот за додаток за трето дете се веќе изготвени и поднесени во ЕНЕР (единствен национален електронски регистар на прописи на РМ). За веќе по 5-етиот ден откако е поднесен да влезе во собраниска расправа и истиот да се донесе во собранието на Република Македонија. Со тоа им се ускратува правото на додаток за трето дете на сите оние кои од сега па, натаму ќе се одлучат да имаат многудетно семејство.
Мила Царовска како министерка на труд и социјала измената на оваа мерка ја најави уште пред неколку месеци, со тоа што сега само ја спроведува. Оваа власт и нивните министри, само додаваат даноци, кратат додатоци, даваат празни ветувања и продолжуваат напред со глава крената горе, како да го прават најдоброто за овој народ, за својот народ, за македонските граѓани.
Селаните на неготинското село Тимјаник сеуште чекаат да се изрализира градинката која им ја вети министерката Царовска, нивните деца сеуште идат во градинка во соседното село. Ова е само уште едно од низата празни ветувања дадени од министерката, која го следи примерот на нејзините колеги, а кои се дел од овој состав на владата на СДСМ. Граѓаните бурно реагираат на измените на оваа мерка, која според министерката Царовска не вродила со плод. Поголемиот дел од соговорниците посочија дека треба да се воведе дополнително додаток и за 5-то дете наместо да се крати овој.
-Соговорник посочи дека само крати оваа власт на народот, на граѓаните, кога некој ќе помисли на македонците. Дел од анкетираните не беа убедени дека министерката е компетентна да посочува дали имало или немало позитивен ефект од воведувањето на оваа мерка, кога истите тие преку лични примери и луѓе во нивно блиско опкружување можеле да посочат и да посведочат што значи тој додаток за обичниот граѓанин, за тие фамилии кои се радуваат на своите три дечиња и на кои овој додаток им е од голема помош.
Ако толку е способна министерката зошто не успее да ја задржи оваа мерка и да имплементира нови, туку се приклучува на погубната политика на власта во демотивацијата и бришењето на една нација, на нашата нација, на македонската, на која и таа и припаѓа?