Финишираат измените на Законот за аборутс кој треба да доведе до поголема либерализација на оваа процедура. Жената која сака да абортира ќе може да го направи тоа истиот ден. Нема повеќе чекање на три работни дена за да размисли дали абортусот е конечна одлука, а ќе биде укинат и задолжителниот ултразвучен преглед за слушање на срцевите тонови. Неофицијално, ова е содржано во работната верзија на измените на законот за абортус кои неколку месеци ги подготвуваат во Министерството за здравство. Оттаму не прецизираа кога за нив ќе гласаат пратениците.
-Работната верзија е спремна, наредната недела ќе се состане работната група да ги финализира измените и подготвената верзија ќе ја достави до собранието, стои во писмениот одговор од МЗ.
Наместо до 10-тата во иднина абортусот ќе може да биде направен до 12-тата гестациска недела, а ќе биде избришаната досегашната законска обрска со која една жена може само еднаш годишно да абортира. Гинеколозите коментираат дека идниот закон ќе биде полиберален и нема да го доведуваат во прашање животот на жената со долго чекање за оваа процедура. Ќе има советување за жените а најверојано во измените на Законот за абортус ќе влезе и проширување на позитивната листа со терапија за контрацепција.
-На Клиника за Гинекологија за абортус во првото тримесечје жената плаќа 100 евра. Доколку е во поодмината бременост и се вклучени комисии тогаш цената е повеќе од 200 евра. Затоа гинеколози бараат таа сума да биде намалена за социјалните случаи.
Законот за абортус беше донесен пред околу пет години и тогаш предизвика бурни реакции во јавноста и кај невладините организации.