Според досегашните истражувања разлика помеѓу мажите и жените навистина постои, можеби не во интензитетот на љубовта, но во манифестацијата на чувствата и однесувањето, секако.

За разлика од мажите, жените не веруваат дека постои само една вистинска љубов, туку неколку. Но, тие ја идеализираат љубовта и кога се заљубени би направиле сè за да го задоволат партнерот.

Мажите сметаат дека постои само една вистинска љубов во животот и дека се останато е само компромис. Со оглед на нивните верувања, дека вистинската љубов е совршена, тие не сметаат дека е потребно многу да се вложи за истата да се одржи и да трае. Кога мажите веруваат дека ја пронашле љубовта на својот живот, веднаш се подготвени за женење.

Жените се многу внимателни при изборот на животен партнер, а и во личноста во која се заљубуваат. Тие многу побавно се заљубуваат од мажите. Статистиката вели дека 25% посилниот пол по само 3 состаноци со девојката се заљубува во неа, а кај жените овој процент изнесува 10%.

Интересен е фактот што жените се подготвени да останат во несреќна врска и потешко се одлучуваат за разделба, за разлика од мажите. Но, кога доаѓа до разделба, мажите се тие кои страдаат повеќе.

Постои и разлика во изразување на чувствата. Додека за жените интимноста значи разговор, за мажите значи заеднички активности.
На пример, кога жените сакаат да разговараат за проблемите во врската, мажите ги игнорираат уверувајќи ги дека сè е онака како што треба да биде-совршено!

Генерално познато е дека мажите потешко ги изразуваат своите чувства и емоции и избегнуваат караници поврзани со проблемите, додека жените обожуваат да разговараат за се и сешто во можност да зборуваат со часови. Мажите во вакви ситуации се исклучуваат и на крај единствено нешто што ќе кажат е „Аха“ или „Да“.

Што се однесува на заедничките активности, дури 75% од мажите го преценуваат својот придонес и секогаш мислат дека се трудат и вложуваат многу повеќе од реалноста.

Сепак ова е само генерална статистика, а не индивидуална. Може да помогне полесно да ги разбереме мажите и жените, но не и својот/ата- партнер/ка.