Треската и сувата кашлица се меѓу првите сипмтоми кои се препознатливи знаци на инфекција со коронавирус. Заразените со овој вирус исто така може да имаат проблеми и со сетилото за мирис и вкус, односно целосно да го изгубат, појава позната како аносмија.

Аносмијата е еден од главните симптоми по кои Ковид-19 се разликува од останатите коронавируси. Токму затоа научните од Индија спровеле студија со која детално би се истражила аносмијата. Истражувањето дало потполно нови и важни резултати, затоа што се утврдило дека заразените со Ковид-19 не можат да препознаат конкретни мириси.

Научниците користеле пет различни видови на мириси кои биле одбрани по извршена анкета, во која на 100 испитаници им се презентирале 30 ароми. Од тие 30 ароми испитаниците требало да ги одберат оние кои најлесно можеле да ги препознаат. Издвоени биле пет мириси за тестирање: лук, нане, кардамом, кокосово масло и коморач.

Во студијата биле тестирани 49 асимптоматски пациенти со коронавирус и 35 здрави лица. Резултатите биле следни: 4,1% од учесниците не можеле да препознаат ниту еден од петте мириси, 38,8% не можеле да идентификуваат барем еден мирис, а 16% не можеле да препознаат два мириси.

Здравите лица можеле да ги почувствуваат сите пет мириси, но 14% од нив не можеле правилно да идентификуваат барем еден мирис.

Заклучокот е дека пациентите кои се заразени со коронавирус, најчесто не можеле да ги почувствуваат овие два мириси: нане и кокосово масло. Затоа научните веруваат дека овој тест со мириси може да помогне во идентификување на асимптоматските случаи на коронавирус.

Секако доколку се сомневате дека сте заразени со Ковид-19, треба да отидете на тестирање, но во меѓувреме овој мал тест би можеле да искористите како почеток во утврдување на тоа дали сте болни од коронавирус или не.