Брокулата е намирница која сè повеќе е попопуларна поради нејзините исклучителни лековити својства, пред се поради антиоксидантите и молекулите на сулфорафан. Иако е докажано дека помага во заштита од карцином, лековитите својства на брокулата се губат со неправилна подготовка, покажа студијата од Универзитетот во Илиноис.
Според нив, готвење во зовриена вода или подготвување брокула на висока топлина во микробранова печка за само една минута е доволно да се уништат лековитите својства на овој зеленчук, а правилен начин е готвење на пареа максимум четири до пет минути.
Кога се бари зеленчукот, треба само малку да ја смени бојата, а не смее ни целосно да омекне, бидејќи така ги задржува важните витамини и минерали, објаснуваат експертите.