Со зголемениот број на извршени тестови во изминатите 24 часа во Албанија е регистриран раст на бројот на новозаразени луѓе со Ковид-19. Од министерството за здравство и социјална заштита на Албанија информираат дека регистрирале 158 новозаболени, двајца починати и 57 оздравени. Тирана останува и понатаму главното жариште на болеста, а во земјата се извршени 864 тестирања.

Албанското Министерство за здравство упати апел до граѓаните да избегнуваат групирања, посебно на плажите, потоа во угостителските објекти и какви било церемонии, кои би биле извор на зараза. Официјалните бројки потврдуваат дека во текот на месецот регистрани се над 2 420 новозаразени лица. Активни на болеста се 3 650 лица.

– Се потврди како неопходна потреба правењето поголем број тестови, онака како што ние апелиравме. И понатаму тврдиме дека и сега се прават малку тестови, треба повеќе од 2 000 тестови во едно деноноќие, наведе албанската опозиција.

Според официјални бројки на меѓународни организации Албанија е со најмал број направени тестови на милион жители.