За силна држава е потребно квалитетно образование.

Еден од главните столбови на кои се темелат силните држави е образованието. Велика Британија, САД, Франција, Германија… Земји каде образованието е на највисоко можно ниво, впрочем, тоа се земји со силен и квалитетен образовен систем.

Овие земји процениле дека само со квалитетно образование се доаѓа до силна држава. А како до квалитетно образовани?

Прво и основно, наставен кадар кој сериозно ќе се посвети на работата, услови кои ќе им овозможат безпрекорна работа и добри плати.

Во Македонија на повидок се предвремени парламентарни избори, а со тоа и партиските програми во кои образованието треба да се најде на првите страници.

ВМРО-ДПМНЕ која на чело на партијата има универзитетски професор, пред неколку дена презентираше низа мерки во овој сектор.

Изградба на 20 нови и реконструкција на 50 веќе постоечки училишта, имено, од тука започнува и образовниот процес на една личност, место каде се учи да читаш и пишуваш.

Потоа следува средното образовани. Во Македонија стана тренд  најголем дел од основците да се запишуваат во гимназија, потценувајќи ги стручните средни училишта. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува решение и за ова, односно ветуваат „Дуално средно образование“ и средношколците да бидат подготвени веднаш по завршувањето на своето образование да бидат од корист на стопанството. Што значи тоа?

„Дуално средно образование“ пракса која највеќе се користи во Германија, земја која важи за гигант во автомобилската индустрија, Ауди, Волсфаген, Мерцедес, се само дел од гигантите кои потекнуваат од оваа земја.

„Дуално средно образование“ или замена на досегашната практика, а тоа е теоретскиот дел да биде примарен, акцент ќе се стави на праксата, бидејќи реално гледано, петките добиени на теоретска настава се „ништо“ доколку средношколецот нема ни ден практична настава.

Пример за „Дуално средно образование“ во Македонија е средното училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“, кои први ја применија оваа германска метода, а тоа е 50 проценти настава, 50 проценти пракса, нешто со што сигурно ќе му користи на средношколецот.

Статистиката покажува дека Македонија има хроничен недостиг од стручен кадар, а и тие малку кои ги имаме сакаат да си заминат во горе наведените држави.

И она што е исто така важно, наставниот кадар во основните и средните училишта ќе си го добијат заслуженото покачува на своите плати, а тоа се речиси 37.000 денари плата.

На крај, доаѓаме до факултетот. Ниските плати на професорите, доцентите, асистентите, се причина за незадоволство и недоволна посветеност кон студентите.

Во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ овој проблем ќе се реши трајно.

  • 100.000 денари плата за редовните професори
  • 80.000 денари за вонредните професори
  • 60.000 денари плата за доценти
  • 45.000 денари плата за асистентите

На хартија изгледа убаво, во пракса европски, останува да видиме дали е остварливо, но со оглед дека се работи за образовен сектор, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ како што спомнавме погоре е универзитетски професор, нема причина зошто би се сомневале во остварувањето на овие мерки.

Ако на хартија овие мерки изгледаат убаво, а во праксата европски, следува и „крунисувањето“ на трудот кој ќе биде вложен во сето ова, а тоа е „Шангајската листа“.

Од ВМРО-ДПМНЕ ветуваат дека Македонија конечно ќе има Универзитет во првите 1.000 на оваа листа, а со оглед на конкуренцијата, доколку ова се случи, ќе биде навистина „крунисување“.

Македонија е земја од 2 милиони жители, земја каде нема нафтени наоѓалишта, но може да има квалитетен кадар од многу области, здравството, информатиката, земјоделието, градежништвото, енергетиката… Македонија со темелни реформи во образовниот систем може да застане рамо до рамо со многу поголеми и побогати земји од неа.

До сега бевме навикнати да слушаме само ветувања од партиите, доста беше, време е за дела доколку навистина сакаме да имаме силна држава.