Власта е во хаос, а хаосот што го продуцираат Шилегов, Макрадули и Филипче граѓаните го плаќаат со сопственото здравје, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако вчера беше обелоденето дека медицински отпад непрописно се третирал и носел во Дрисла, кучиња јаделе човечки органи и друг вид медицински отпад, а водата истекувала во река Вардар, надлежните креираат дополнителна конфузија, бегаат од одговорност и внесуваат уште поголем страв во јавноста. Шилегов не убедува дека контролите на надлежните инспекторати не покажале неправилности, а министерот за здравство Венко Филипче го нема никаде. Го нема да одговори и да објасни, дали воопшто знае што се случува и каде завршува медицинскиот отпад! Градоначалникот Петре Шилегов, денес наместо да одговори на јавноста за хоророт што се случува, направи дополнителен хаос. Шилегов само отвори дополнителни прашања, во обид да се изземе од одговорност за она што се случува изминативе две ипол години откако е тој прв човек на градот. Јани Макрадули исто така молчи околу инспекциите и папагалски ни повторува дека „се е под контрола, се проверува“?!, прашува Андоновска.

Таа прашува и дали Шилегов, Макрадули, надлежни инспектори што контролирате, што ви е вас под контрола?!

-И на крај, ама не помалку важно каде е јавното обвинителство, кога ќе се разбуди од зимскиот сон? За ова уште вчера требаше да има одговори и одговорност од надлежнитe. Одговорност за овој хорор со кој што се соочуваат граѓаните на Република Македонија ќе има. Ќе има по 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада и ќе започне обновата на оваа држава. СДСМ никогаш повеќе, вели Андоновска.