Ангеловска: Mожно зголемување на акцизата на екстралесното масло за домаќинство

Има можност Министерството за финансии да ја зголеми акцизата на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ), односно да ја изедначи со таа на дизелот. Ова го потврди министерката за финансии Нина…

Има можност Министерството за финансии да ја зголеми акцизата на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ), односно да ја изедначи со таа на дизелот. Ова го потврди министерката за финансии Нина Ангеловска која рече дека анализата е готова и следната недела ќе биде објавена на интернет страницата на Министерството за финансии.

„Еден од чекорите е изедначување на акцизата на екстралесното масло за домаќинство со таа на дизелот. Се работи за проблем кој треба да се зема систематично – прибиравме податоци. Еден од чекорите е зголемување на акцизата за екстралесната нафта, но во препораките стои идека треба да се пристапи внимателно. Имено има многу јавни институции кои ја користат ова анафта за греење, па се размислува и за евентуален поврат, рече Ангеловска.

Инаку зголемување на акцизата на екстралесното масло за домаќинство и изедначување со акцизата на дизелот првично бараше Стопанската комора. Нивниот аргумент е дека транспортни компании ја злоупотребуваат оваа таканаречена црвена нафта како гориво, со тоа го оштетуваат и буџетот. Со употребата како погонско гориво овој нафтен продукт значајно ја загадува околината.


Related Articles