Искрено говорејќи, нема да биде лесно, но се гарантира дека ќе изгледате повитко – стомакот ќе ви исчезне а задникот ќе се намали. И патем, овие резултати можат долго да се сочуваат – под одредени услови.
Всушност, „ангелската диета“ трае 13. дена. За тоа време, вашиот метаболизам ќе се забрза и ќе почнете нагло да ги губите килограмите. Трикот е седум дена да јадете со склад со одреденото мени, а потоа да ги повторите јадењата од првите шест.
Плус, во овој момент морате потполно да се откажете од солта, шеќерот и алкохолот. Се препорачува салатите да ги зачинувате со маслиново масло (не повеќе од 1 лажица), а оцетот е подобро да се замени со сок од лимон. И не заборавете да пиете чиста вода на собна температура – најмалку 2,5 литри дневно. Задолжително испијте една чаша еден час пред јадење или еден час потоа. Патем, водата совршено го истерува чувството на глад, кое веројатно ќе се појави во првите денови на диетата.И мала тајна на „ангелите“ – За да нивните тела изгледаат поистакнати – не пијат ништо 10 – 12 часа пред ревија. Значи, ако планирате важен состанок можете да ја испробате оваа техника.
Прв ден
Појадок: шолја црно кафе или зелен чај.
Ужина: една јаболка (или било кое друго овошје)
Ручек: 2 тврдо варени јајца, салата од зелен зеленчук и еден домат, 2 варени компири.
Вечера: голема јунешка шницла од скара и зелена салата.
Втор ден
Појадок: шолја црно кафе без шеќер и млеко или чај, тост од леб од цели зрна.
Ужина: една зелена јаболка.
Ручек: голема јунешка шницла, зелена салата и свеж домат, шолја зелен чај.
Вечера:супа од зеленчук (една чинија).