Секојдневно македонските пациенти од цела република во потрага по помош и дијагноза за нивниот проблем, со надеж дека тоа ќе им помогне да го најдат вистинскиот лек за нив и ќе се ослободат од болката што ги мачи, завршуваат на клиничкиот центар во Скопје. Место кое според сите стандарди треба да биде највисоко рангирано во поглед на стручност, персонал, чистота, функционалност, на крајот на краиштата зошто сите посериозни и покомплицирани случаеви на болни се испраќаат токму тука. Ова треба да се епитетите и атрибутите кои треба да го красат овој клинички центар, како најдобар во Македонија и со тоа да ние како граѓани се гордееме. Да, ама за жал тоа не е така, суровата вистина е следната:

Ова е анкетата и мислењето на граѓаните, но воедно и сликата како го затекнавме клинички, колку ѓубре има, колку е неисчистено и колку никој не се грижи за него. Филипче џабе лажеш, денес ќе се исчисти, требаше вчера, ниту вчера ниту денес, ниту пак утре, полека и дали со цел или без никаков правец туку така талкаш и незнаеш што правиш ама сигурно му штетиш на македонското здравство и македонскиот пациент. Арам да ти е платата, која не ја заслужуваш. – беа дел од неофицијалните реакции на анкетираните граѓани.

Вистината е дека здравството и здравствениот систем е во хаос, Филипче откако е министер хаосот станува се поголем со секој поминат ден. Директорката на паркингот и задолжена за чистотата на клиничкиот центар Шкодране Дардишта, со своето неработење и нефункционирање на нејзините служби и персонал прави уште поголем хаос со паркингот во клиничкиот центар, а воедно и со негрижата за чистотата во рамките на клиничкиот го прави најголемиот центар за здравје во Македонија, најголема депонија, извор на разно разни зарази.

Не се знае дали пациентите или граѓаните кои доаѓаат во клиничкиот центар дали доаѓаат да се лечат или да се заразат. Зошто со негрижата што ја презентира Дардишта, со купиштата смет на сите страни, со нечистењето на истиот со месеци, со тоа што министерот Филипче сето ова го гледа и прогледува низ прсти, повеќе има можности за второто, македонските пациенти кога ќе дојдат на клинички наместо да се излечат, да се заразат со нешто пострашно од тоа со што дошле.

Како што се знае клиничкиот центар располага и со медицински отпад, со цела болница за инфективни болести, додајте го на ова купиштата ѓубре, температурите, влажноста и врнежите во попладневните часови и на крајот од равенката се знае што добивате, зарази, болести, епидемија. Нешто на кое се изложуваат на ризик сите вработени во клиничкиот центар, сите пациенти ширум републикава, како и сите оние кои поради работни обврски вегетираат во рамките на клиничкиот центар секојдневно.

РИЗИКОТ Е ОГРОМЕН, ОПАСНОСТА Е ПРЕД ВРАТА, само министерот тоа не го гледа, нема очи за да ја увиди вистинската состојба во клиничкиот и да ја санкционира Дардишта и нејзината фирма, да го казни тој правен субјект, да го одземе тендерот и работата да се додели на некој кој клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје ќе го направи достојно место за македонските пациенти, ЌЕ ГО ИСЧИСТИ ОД ЃУБРЕТО И ЌЕ ЈА ОДРЖУВА ЧИСТОТАТА,  за да може пациентите достојно и во пристојни услови да бараат помош за нивните проблеми поврзани со здравјето во рамките на оваа здравствена установа.

Ниту ова ќе се случи, според праксата до сега, ниту пак Дардишта ќе го изгуби тендерот, ќе поминат еднаш месечно службите од град Скопје на милост од градоначалникот и ќе го „зачистат“ клинички, во меѓувреме никој нема да каже дека смета ѓубрето или да направи нешто во врска со тоа, не им оди во корист и во интерес и на министерот Филипче, ниту пак на Дардишта, ниту пак на владата да коментираат или било што зборат или прават во однос на оваа ситуација, сложеноста на проблемот лежи во тоа да за една ваква „ситна“ работа за владата и министерот не се подготвени од власта да ја разнишаат коалицијата и при тоа да се стават на ризик да ја растурат владата, па да се бараат нови пратеници, нови партнери и тн и тн, комплицирано е тоа, ова е поедноставната варијанта, нека се оди преку грб на македонсиот пациент, што тој не проживеал и не видел, па сега за малку ѓубре ќе го прогледа и тоа.

Сега во моментот приоритетите на владата се насочени на друго место, штетните договори кои се направени периодов да се избуткаат до крај, државата да се бутне на колена. Здравството, македонскиот пациент во овој случај се споредна работа.

Со душа ја чекаме оставката или промената на овој министер за здравство, посочуваат граѓаните, поголем паразит кој се влече на грбот на македонското здравство не сме доживеале, чекаме да се подобрат работите, чекаме да на челото на ова министерство се појави човек кој со цврста рака ќе се заложи за македонскиот пациент. Филипче тоа не е, РАЗОЧАРАНИ СМЕ, ОДИ СИ! му порачаа гневно и низ заби дел од пациентите со кои разговаравме.