Компанијата Фајзер започна со тестирање на лекот кој би требало да го спречи смртоносниот Ковид-19. Според нив антивиралниот лек ќе биде достапен кон крајот на годината, доколку испитувањата врз луѓе во САД и Белгија се успешни. Станува збор за лекот наречен PF-07321332 кој ќе ја запре сериозноста на болеста кај луѓето кои започнале да покажуваат знаци на инфекција со коронавирус.

Експертите посочуваат дека ако ваквиот лек биде успешен тоа би значело крај на рестриктивните мерки засекогаш.

Таблетите може да помогнат да се спречи тешка болест кај луѓе за кои вакцините не функционираат добро или да бидат втора линија на одбрана во случај на појава на нова варијанта отпорна на имунитет.

Околу 60 лица во моментов се вклучени во првата фаза на Фајзер, PF-07321332, што се очекува да заврши на 25 мај.

По ова, ако апчето се покаже безбедно, ќе се направат поголеми испитувања со повеќе луѓе за да се докаже дека дефинитивно го запира Ковид, како што сугерираа лабораториски тестови.