Властите во Австралија продолжуваат со ограничувањата во поголемиот дел од земјата. Причината е ширењето на заразната делта варијанта на коронавирусот, така што секој втор австралијанец мора да остане дома. Четири градови веќе се наоѓаат под строг карантин, а милиони жители мора да придржуваат на ограничувањата кои ги воведуваат властите, а задолжително е и носењето маски на повеќе локации во земјата.

Во Сиднеј повеќе од пет милиони жители се наоѓаат во двонеделен карантин кој ќе трае се до 9 јули. Во државата Нов Јужен Велс според најновите податоци се пријавени нови 22 локално пренеси случаи на делта варијантата, сите поврзани со претходни инфекции.

– Нов Јужен Велс покажува стабилна стапка на случаи во оваа фаза … но, до денеска не се реализираа нашите стравови од огромна ескалација и сакаме да остане така, изјави премиерката Гледис Береџиклијан.

Жителите на Сиднеј, Перт, Бризбен и Дарвин се ставени во карантин. Земјата пријави 30.550 заразени и 910 смртни случаи од почетокот на пандемијата. Сепак, помалку од 5 проценти од возрасната популација од 20 милиони луѓе се целосно вакцинирани, што предизвика критики за бавната национална програма за вакцинирање.