Доц. д-р Нико Беќаровски специјалист интернист од Клиниката за токсикологија која е воедно и Ургентен центар, во емисија на една од нашите тв куќи посочи дека иако бројот на заболени со Ковид-19 е стивнат, сега на површина полека излегуваат и се повеќе болниците се преоптоварени со пациенти кои година и половина исплашени од кризата седеа дома без потребната лекарска помош и пациенти со постковид синдром.
На прашењето каква е состојбата во болниците и дали има пациенти и со каква клиничка слика се оние кои доаѓаат, доктор Беќаровски истакна дека во мометов во држава доминира стомачен вирус и воглавно клиниките се преплавени со таа патологија. За среќа навистина е намален бројот на ковид пациенти, состојбата е смирена, но не е загубен комплетно вирусот, објасни тој.
Доктор Беќаровски истакна и дека не е важно само да се излечи коронавирусот, туку уште поважно е справувањето со катастрофалните последици кои коронавирусот ги остава.