На 3. и 4. март 2023 година во Велес, Р. Македонија, на покана на тимот на Здравствениот Информативен Центар – ЗИЦ „Медикал Караџи Турс“ гостин ќе биде специјалистот по урологија доц. д-р Каан Ѓокчен.

Во текот на денот ќе бидат спроведени целосно бесплатни консултации за сите пациенти кои имаат потреба од консултации, второ мислење или лекување во странство за нивните болести. Оние кои имаат потреба и сакаат да ја искористат можноста за бесплатна консултација со специјалистот по урологија доц. д-р Каан Ѓокчен на 3. и 4. март треба да закажат термин на телефоните на „Медикал Караџи“: +389 71 314 005, +389 43 220 904 или на меил: macedonia@medikara.bg

Прочитај повеќе: https://www.medikara.bg/mk/doctors/doc-dr-kaan-giokchen

На лице место, пациентите ќе мора да ги обезбедат медицинските документи и тестови кои се направени до денес.

Ве молиме да имате во предвид дека за време на консултациите нема да се вршат физички прегледи. Бесплатните консултации се спроведуваат врз основа на вашата медицинска документиција која ќе ја приложите.