Сакам да се повикам на законите во оваа држава, не сакам и не очекувам милост! Беа зборовите на лицата со попреченост. Освен незадоволството кое го изразуваат од социјален аспект, за оваа категорија најголем проблем е инфраструктурата, поради која не можат да се движат слободно.

Посебните премини некогаш знаат и да бидат опасни. Друг проблем за лицата со попреченост е и несовесното паркирање на колите покрај тротоарите, но и паркинг местата за лицата со попреченост, кои често ги зафаќаат други возачи. Од Град Скопје велат дека постојано работат на подобрување на условите во институциите, тротоарите и училишта во кои ќе се постават и лифтови.