Можеме да речеме дека речиси од „тронот“ го исфрла витамининот Це кој е познат како витамин над витамините. Така витаминот Д го соборува лошиот холестерол, помага при заштита од шеќерна болест и заболувања на срцето, ја ублажува болката поврзана со фибромијалгија, штити од сенилна макуларна дегенарција на окото, ги ублажува симптомите на псоријазата, ја зголемува машката плодност, го намалува ризикот од кариес, ракот на дебело црево, меланом, агресивен рак на дојка, рахитис, остеопороза и депресија.
Секако, од големо значење е и за бремените жени. Не само што високото ниво на „сончевиот витамин“ е клучен за здравјето на коските на бебето, туку може да обезбеди и посилни раце и поголема мускулна маса кај бебињата.
- Централни функции
Неодамна научниците открија дека имунолошкиот систем во телото не може да се активира без овој витамин. Може да кажеме дека има три централни функции:
1. Го регулира имунолошкиот систем (одбранбената способност на телото).
2. Го регулира растот на клетките (што особено е важно е кога во прашање се малигните болести, но и лечењето на кожни заболувања, како егзема и псоријаза).
3. Ја регулира хормоналната рамнотежа.
Постојат два типа на витаминот Де: животниски или калциферол или Де3 и растителен ергокалциферот или витамин Де2.
Иако е толку важен, често го запоставуваме. Многу болести како дијабетес, мултипла склероза, депресија, остеопороза, неплодност или малигни болести, всушност се поврзани со недостаток на сончевиот витамин.
Имено, лицата кои патат од недостаток на витамин Де почесто заболуваат од автоимуни болести или инфективни болести (настинка, грип), кои под нормални околности телесниот имунитетен систем сам ги совладува.
Еднакво така доволни количини витамин Де пресудни се за апсорпција на калциум во нашето тело. Без витамин Де тоа едноставно не може да апсорбира калциум, што ги прави додатоците на исхрана со калциум бескорисни ако имате недостаток на витамин Де.
- Колку витамин Де ни е потребно?
Сончевиот витамин навистина може да заштити од болести, ни за од него да го имаме такви бенефити мора да внесеме далеку повеќе количини отколку што гласи дневната препорачана доза.
Стручњаците препорачуваат меѓу 400 и 800 меѓународни единици витамин Де дневно за да се задоволат потребите на организмот, но кога зборуваме за зголемени потреби поради намалување на ризикот од развивање малигни болести, внесот на сончевиот витамин би требало да значително поголем.
На таа трага здружените американски истражувачи заклучија дека внесот на 4.000 до 8.000 ИЕ од витаминот Де може да го снижи ризикот од рак на дојка, колоректалниот карцином, мултипла склероза и дијабетес тип 1.
Според ставовите на Меѓународната фондација за остеопороза, недостаток на витаминот Де е глобален здравствен проблем. Утврдено е дека 52 отсто од Европјаните патат од недостаток на витамин Де 3, а во некои северни земји на Европа таа бројка се качува и до повеќе од 75 отсто.
- Како да го тестирате статусот на овој витамин во организмот
Проценето е дека на глобално ниво расте побарувачката за тестирање на статусот на витаминот Де3 во организамот поради се поголемото знаење во медицината за штетните последици на недостатокот од овој витамин.
Одредување на концентрациите на витаминот Де3 во крвта посебно се препорачува кај заболените од хронични болести на бубрезите, абнормалности во апсорбирањето на хранливите материи, остеопороза, кардиоваскуларни болести, рак, психички нарушувања и депресија и мултипла склероза.
Некои истражувања покажуваат дека високи дози на витаминот Де може да го намалат напредувањето на автоимуни болести. Во прилог на тоа оди и научно докажаниот факт дека витаминот Де игра важна улога во функционирањето на мозокот и има заштитна имуномодуларни својства па затоа е посебно корисен кај невродегенеративните и невроимуните болести.
Некои стручњаци сметаат дека веднаш по поставувањето на дијагноза потребно е да се измери количината на витаминот Де во крвта. Ако тоа кај автоимуни болести како мултипла склероза обично е ниско, се препорачува еднократно да се третира со висока доза витамин Де и понатамошно редовно земање препорачани дози.
- Зошто е задолжително изложувањето на сонце
Нашето тело може само да синтетизира витамин Де, но за тоа му е потребна помош од сонцето. Ако сакате да го зголемите нивото на сончевиот витамин, лекарите препорачуваат најмногу 15 минути да се изложите на сонце без заштитини креми.
На тој начин ќе синтетизирате од прилика 90 отсто од дневните потреби на организмот , а остатокот може да го добиете од додатоци во прехраната или од храната.
- Храна богата со витамин Де
Мрската риба, како лосос, туна, скуша, пастрмка или сардина, претставуваат богат извор на витамин Де. Филе од лосос кое тежи 85 грама содржи околу 447 ИЕ од витаминот Де, а само за споредба, иста количина туна од конзерва содржи 154 ИЕ.
Сончевиот витамин исто така побарајте го во млекото, сок од портокал, кој често е збогатен со витамин Де, жолчки, џигер (85 грама џигер содржи 50 ИЕ) и путер.
- На кого му се заканува недостаток на овој витамин
Недостаток на витамниот е почест кај оние кои ретко се изложуваат на сонце, носат заштитна облека и користат средства за заштита од сонце, кај луѓе кои имаат темен тен, дебелите, луѓето кои земаат лекови кои влијаат на метаболизмот на витаминот Де, болнички пациенти, институцијализирани лица, постари лица и бремени жени.