Оптимистите живеат подолго од песимистите, велат резултатите од истражувањата на клиниката „Мејо“ во која беа опфатени околу 7 000 луѓе и тоа во најразлични животни периоди. Стручњаците велат дека сите оние што биле весели, оптимисти, во следните 40 години имале помал ризик да починат.

Оптимистите живеат подолго без оглед на здравствената состојба. Помалку патат од депресија, во подобра форма се, водат повеќе сметка за исхраната, повеќе се движат…

За време на повеќегодишно истражување испитаниците одвреме- навреме пополнувале прашалник за да се утврди каква им е состојбата на духот. Оптимистите сметаат дека лошите случки се минливи и дека не влијаат на нивното однесување и погледот на светот.

Песимистите, сите случки ги доживуваат трагично, често се обвинуваат себеси и веруваат дека лошото никогаш нема да помине. Лошо влијаат на себе, на околината, постојано се во грижи, не знаат да функционираат без стрес, тешко се опуштаат и ништо чудно што рано заминуваат.