Вркута (лат. Alchemilla vulgaris) е билка која содржи флавоноиди, органски киселини, танини, фитостероли, салицилна киселина, есенцијално масло и вистинско богатство на витамин Ц. Благодарение на изобилството на танини, има горчлив вкус, но исто така има моќно антиинфламаторно и антибактериско дејство.

Познатиот швајцарски хербалист Јохан Кинкл тврди дека 30% од гинеколошките операции може да се избегнат со употреба на чај од вркута.

Еве ги здравствените придобивки од ова растение.

Идеална билка за бремени жени

Еден од посериозните проблеми што ги мачи жените е неможноста да забременат. Вркутата е најдобриот билен избор за третман на неплодност.

Делува како одличен регулатор на хормони, го стимулира растот на прогестеронот и доведува до поредовна менструација, што е многу важно кога се обидувате да забремените. Исто така, ефикасно ја отстранува тежината и помага при полицистични јајници.

Вркутата може да помогне и кај слабата матка и да ја заштити бремената жена од спонтан абортус со зајакнување на матката. Секоја жена која брзо се породила треба да пие чај од вркута од 8 до 10 дена по раѓањето.

Исто така, се препорачува за повреди по пораѓај, за опоравување од тешко породување и за опуштен стомак.

Помага при ПМС и менопауза

Покрај овие ефекти врз здравјето на жените, вркутката дејствува и против миоми, цисти и ендометриоза, ги ублажува менструалните проблеми, го регулира менструалниот циклус и ги олеснува менопаузалните симптоми.

Се користи и кај болни и обилни менструавии, бидејќи содржи танини и адстрингенти кои го нормализираат крварењето. Кога вркутката се комбинира со растение овчарска торбичка, се добива лек против сите женски болести.

Бањи, вагинални испирања и тампони со вркутка ефикасни се кај габи, бактериски вагинитис и други инфекции. Потопете тампони со тинктура од вркутка и користете како вагиналета.

Ги уништува бактериите и вирусите

Неодамнешните научни истражувања покажуваат дека вркутата го спречува растот на многу видови бактерии, вклучувајќи стафилокок – бактерија која станала отпорна на многу антибиотици. За вркутата се смета дека има и антивирусни својства.

Со оглед на тоа што силно ја обновува и тонира матката, како и помага при заздравување на раните, заклучено е дека станува збор за вонреден лек за болести предизвикани од човечки папиломавирус (ХПВ).

Јапонските научници открија дека состојката во вркута, агримонин, го запира ракот на дојка.

Исто така, помага при: крварење, каснувања од инсекти, гадење и повраќање, егзема и дерматитис, болки во грлото, лесна дијареја, особено кај малите деца, гихт и ревматизам, хемороиди, чир на желудник.

Чај од вркута

Врз една лажичка вркута истурете чаша врела вода и оставете да отстои пет до десет минути. Секогаш пијте две чаши на ден во голтки.

Чај за испирање

Во литар вода се вари 30 до 50 грама исушено растение без корен. Користете го чајот за вагинално испирање или како клизма за проблеми со цревата.

Купка

Сварете 200 грама сува или свежа вркута во три литри вода и истурете го во када со подготвена вода. Задржете се во водата 10 до 20 минути пред спиење.

Забелешка:

Луѓето кои имаат проблеми со желудник, црниот дроб или жолчката, треба да ја земаат вркутата во помали количини.