Босилекот е билка која поттекнува од Индија, а расте во висина од 20-60 см. Во светот, постојат околу 150 видови босилек. Тој се користи во многу земји и култури. Многу одамна се сметало дека е отровен, но денес тој е една од најдобрите билки за нашето здравје.

Одличен е за :

  • воспаление на усната шуплина
  • лечење на тврда столица
  • против грчеви во цревата
  • надуеност на стомакот
  • мачнини
  • воспаление на бубрезите и јајниците
  • нередовна менструација

Тој делува антисептички и се користи и за зараснување на раните, лечење на акни и различни воспаленија кај кожата, го поттикнува потењето и ја намалува телесната температура. Исто така, одличен е против убоди од инсекти, бидејќи неговиот силен мирис ги одалечува инсектитите, но тој ги смирува убодите по каснувањето.

Ја смирува раздразливоста, несоницата и немирот и придонесува за подобро расположение.

Начин на подготовка:

1 лажица босилек прелијте ја со 2 дл зовриена вода. Оставете да отстои 5 минути и процедете.