Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 414, бројката на оздравени пациенти е 12 896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1881. Најмногу активни случаи се регистрирани во Скопје 571, Куманово 206, Прилеп 129 и Тетово 107.
Во последново деноноќие се регистрирани 121 новозаболени и тројца починати пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 161 590 тестирања на ковид -19.
Во однос на скопските општини, по завршените епидемиолошки анкети, денешната прераспределба изгледа вака:
• Чаир – 51
• Гази Баба – 71
• Аеродром – 94
• Карпош – 68
• Центар – 61
• Кисела Вода – 54
• Ѓорче Петров – 33
• Бутел – 43
• Шуто Оризари – 20
• Студеничани – 16
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 12
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 1
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 4
• Нераспределен-9