Последниве неколку години бројот на новороденчиња на гостиварското подрачје е преполовен.

Трендот на иселување продолжува, власта и покрај ветувањата не успева да стори или реализира нешто за да застанат иселувањата од Македонија, за потврда е и бројката од 375 бебиња запишани годинава во матичната служба во Гостивар, кои мајките ги родиле во странска држава.

Од своето дваесетгодишно искуство во гинеколошкото одделение во Гостивар, доктор Јакупи оценува дека бројот на раѓања е преполовен.

Ако порано годишно на одделението имало по 1.200 до 1.300 новороденчиња, последните две до три години бројката се движи околу 650 до 700.

Во 2019-та до сега, во Гостивар се породиле 476 мајки, што е за 38 помалку од лани.