За подготовка на оваа пита ќе ви бидат потребни само 15 минути и еден голем сад во кој ќе ги соедините сите состојки.
Идеална е како топло предјадење или лесен ручек кој може да се послужи со зелена салата, јогурт или павлака.
Состојки:
5 јајца
150 грама обично брашно
1 ½ лажичка прашок за пециво
380 грама рендани тиквички
1 главица кромид
200 грама сланина
90 грама рендано сирење
40 мл маслиново масло
Сол и бибер по вкус
Подготовка:
1-Загрејте ја рерната
Загрејте ја рерната на 170 степени.
2-Подгответе го зеленчукот и сланината
Исчистете го и ситно исечкајте го кромидот, сланината исечкајте ја на коцки, а ренданите тиквички добро исцедете ги со раце.
3-Соединете ги состојките
Во сад со средна големина се матат јајцата, се додава измешаното брашно и прашокот за печиво и се меша со жица додека не се соединат состојките. Измешајте ги ренданите тиквички, кромидот, сланината, сирењето и маслото и зачинете со сол и бибер.
4-Истурете ја смесата
Лесно намачкајте и обложете тавче со големина од 30 x 20 cm со хартија за печење и истурете ја смесата во неа.
5-Печете
Ставете во рерна 30 минути.
6-Послужете
Извадете ја, оставете да се излади малку, исечете го и послужете.