Слабеењето е процес кој со сигурност не е едноставен, но со помош на одредени измени и воведување нови навики можете да си го олесните и малку забрзате.

Следниве трикови се однесуваат на намалување на апетитот, без премногу да го ограничувате внесот на храна.

Чаша вода наутро

Се будите гладни, но некогаш е доволно да испиете чаша вода за да почувствувате ситост. Испијте чаша негазирана вода и почекајте околу 30 минути, наместо да изедете голема количина храна.

Салата во фрижидерот

Во фрижидерот секогаш имајте зеленчук, за и ако паднете во искушение да јадете навечер, да изедете нешто здраво, наместо калорично.

Оптички илузии

Постојат многу докази дека бојата на садовите влијае врз апетитот. Сервирајте во мали и сини чинии, зелени или виолетови, бидејќи тие бои го намалуваат апетитот. Избегнувајте црвени и портокалови садови.

Воведете режим

Воспоставете си ред. Ако јадете три оброци, јадете ги во точно одреден дел од денот. Најважно е да ја поделите храната во оброци, наместо да ја јадете наеднаш.

Прошетајте

Кога ќе почувствувате глад, излезете на 15 минути или направете нешто по дома. Потоа испијте чаша вода. Можно е чувството на глад да е само привидно.