“Имаме околу три недели до следниот пик на коронавирусот во нашата земја. Во претходниот бран пикот го достигвнавме за седум недели, а сега сме на најниското ниво, бидејќи во моментов бројот на пациентите е 113 на 100.000. Нивоата од кои сега тргнуваме се многу повисоки,и немаме седум недели, туку само три недели”. Ова на денешниот редовен брифинг на Националниот оперативен штаб на Бугарија, го изкјави неговиот началник, генералот Венцислав Мутафчииски, кој, исто така, даде податоци за смртноста, која, според него е опадна на ниското ниво од 7,9 отсто и повторно се искачи.

-Колку и да ми е непријатно што сум во улогата на лош гласник, не можам да го премолчам фактот, ова е реалната состојба, додаде Мутафчииски.

Тој го даде примерот на Воено-медицинската академија, каде е директор, дека во неа само во понеделникот биле примени 13 лица, а толку многу пациенти биле примени и пред една недела.

-Бројките докажуваат дека има будење, дефинитивно во Ќустендил, но и во другите области, објасни Мутафчииски.

Националниот здравствен инспектор, Ангел Кунчев, ги цитираше податоците од Европскиот центар за контрола на болести во Стокхолм. Според нив, 14-дневниот морбидитет е 90 на 100.000, што Бугарија повторно ја смести на 26-то место во ЕУ, шестото место на Балканот, а смртноста е 9,9 отсто, што е 13-то место во ЕУ.

-Тоа што не тера да бидеме внимателни е развојот на ситуацијата внатре во земјата според областите. Највисока инциденца во земјата ја има во Ќустендил, а најниска во Тарговиште. Инфицираните се движат од 20 до 60 во осум области. Софија се врати во црвената зона, објасни Кунчев.

Тој додаде дека пет земји на ЕУ се во црвената зона, а во текот на целиот февруари ќе има зголемување на морбидитетот и во Бугарија. Тоа може да се направи или според моделот на Франција- со бавно зголемување или како во Португалија, Шпанија – со целосно зголемување на случаите, полнење на болниците и доживување на кризата, како во ноември.

-Тоа што е постигнато е кревко. Европа е во ќор-сокак, се подготвува за трет бран. Не сакам да бидеме несериозени, туку да бидеме подготвени за тоа доколку бранот дојде до нас, со силата што во моментов ја има во Европа, рече тој.

Министерот за здравство Костадин Ангелов, од своја странја, повторно го даде примерот на Португалија, каде има речиси 14.000 жртви на коронавирусот. Мутафчииски ги повика медицинските директори да ги збијат своите редови и да се подготват за тоа што ги чека.

-Фактот дека различни работи се дозволени не значи дека се безбедни, категоричен е тој, посочувајќи дека фактот дека спортските сали се отворени не значи дека се безбедни,„ тие се најопасното место “.