Дали знаете дека уште Хипократ на своите пациенти токму оваа намирница им ја препорачувал како лек за смирување. Станува збор за здрава и лековита билка богата со магнезиум, калциум и калиум, кои во комбинација може да ја ублажат напнатоста.

Станува збор за целерот, нискокалорично растение кое содржи висок процент течности, па многумина го сметаат и за идеален сојузник во борбата против вишокот килограми. Стеблото на целерот содржи дури 83 проценти вода и огромна количина влакна, па го намалува чувството за глад.

Ова растение богато со магнезиум и етерични масла, освен што помага за смирување на нервниот систем има и многу минерали кои ги намалуваат киселините во желудникот.

Состојката на билката, која и дава специфичен вкус, помага и за контролирање на лошиот холестерол, а научно е докажано и дека го намалува крвниот притисок. Повеќе истражувања покажале дека целерот го спречува растот на малигните клетки, посебно кај ракот на панкреас и ракот на дојка.