Скопје и Тетово се градовите во Македонија кои се најзафатени и со најголем број на случаи позитивни на коронавирус.

Согласно последните информации од Институтот за јавно здравје, во Скопје бројот на активни случаи изнесува 1698, додека во Тетово активни се 325 случаи.

Од скопските општини Чаир има најголем број позитивни активни случаи на коронавирус, 394 и е лидер на табелата. Следуваат Гази баба со 156, Бутел 144, Сарај и Центар со 137 и Аеродром со 135 активни случаи на Ковид-19.

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок. Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип, Ресен и Куманово се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).