Четири деца, без струја и вода – на кумановчанец му треба наша помош бидејќи државата не го ферма

Ниту еден денар, ниту еден повик од било која институција, општествено одговорна фирма или пак од некој хуман човек. Ништо, како да не постоиме, како моите деца да не се…

Ниту еден денар, ниту еден повик од било која институција, општествено одговорна фирма или пак од некој хуман човек. Ништо, како да не постоиме, како моите деца да не се деца, како да не сме луѓе – вака раскажува Денис Василевски од Куманово.

Тој живее со сопругата и со четирите деца, од кои две се со попреченост, во доста лоши услови, без струја и вода веќе три години, а неодамна поради кризата со корона вирусот, останал и без работа.

Живееле со околу 200 евра месечно, помош која ја добивале од државата, 8.000 денари за трето дете и околу 4.400 денари нега за 13-годишниот син кој има церебрална парализа.

-Откако јавно се обратив за помош, очекував дека барем институциите ќе се заинтересираат, дека ќе дојде некој да види како живееме. На свеќи, без вода, без струја, нека дојдат и телевизиски екипи, нека снимаат… Ниту еден телефонски повик од никого не добив, ниту еден денар на сметка… Барем да се реши проблемот со струјата и водата, да ни се донира некој стар мебел, апарати за домаќинство, ништо немаме, појаснува Василевски.

За помош на ова кумановско семејство може да се донира на следната сметка: Сабина Василевска 200 002545685937 Стопанска банка, со назнака донација.
Број за контакт: 077 854 865.


Related Articles