Понекогаш, дури и по обилен оброк, сè уште се чувствуваме гладни. Доколку таквото чувство се повтори, сфатете го како предупредување дека дигестивниот систем не работи како што треба, пишува „Хелт магазин“.
Како што истакна нутриционистката Керол Марето, имаме чувство на глад после јадење поради емоционални проблеми, количината на храна што сме ја јаделе, како и поради видот на храната.
„Поради погрешниот начин на исхрана, телото може да се ‘побуни’ и да покаже потреба од повеќе храна после оброк. Колку помалку хранливи материи јадете и колку помалку одморате во секојдневниот живот, толку повеќе енергија му треба на вашето тело за да ја компензира енергијата што ја наоѓа во новите порции храна“, истакна таа.
Како да се реши овој проблем?
Пред сè, кога јадете, важно е да се обидете да го правите тоа свесно, односно да разберете што и колку моментално консумирате. Кога јадеме набрзина или ги комбинираме оброците со други активности, сосема е природно да не сфаќаме колку сме јаделе и дека е време да престанеме, истакнуваат експертите.
Ако ви недостасуваат протеини, гладот ќе трае подолго. Затоа, според експертите, клучно е да вклучите големи количини зеленчук и овошје, кои се богати со влакна. Треба да консумирате и квалитетни протеини, кои се наоѓаат во јајцата, рибата, гравот итн.
А стресот го зголемува производството на кортизол, што предизвикува дополнително чувство на глад.
Недостатокот на сон, исто така, може да биде една од причините зошто сте гладни. Квалитетниот сон е важен за регулирање на хормоните, вклучувајќи го и грелинот, кој често се нарекува „хормон на глад“, бидејќи влијае на зголемениот внес на храна.
Треба да спиете најмалку шест часа секоја вечер и помалку да користите електронски уреди пред спиење.
Пијте доволно вода
Кога телото нема доволно вода, мозокот се збунува и мисли дека треба да изеде нешто за да ја задоволи жедта . Не заборавајте да пиете еден и пол, до два литри вода дневно.
Исто така, менито треба да биде балансирано на дневна основа и да се состои од производи со различни својства и хранливи материи. Доколку не внесувате доволно протеини, чувството на глад ќе трае подолго.
Половина од нашето дневно мени треба да се состои од зеленчук и овошје кои се богати со влакна и нискокалорични.