Лекот „Ивермектин“ е антипаразитален лек, 40 години познат, награден со Нобелова награда и се наоѓа на листата на т.н. есенцијални, суштински лекови на Светската здравствена организација. Овој лек делува не само што делува во првите денови на инфекцијата, туку и во одмината фаза на болеста, истакна д-р Даниловски во изјава за една од нашите тв куќи.

Овој лек е стар лек кој во Македонија е дозволен за користење само кај животните. Секаде каде што се користел лекот „Ивермектин“ во борбата против Ковид-19, смртноста била помала, посочува инфектологот.

-„Ивермектинот“ е антипаразитален лек, 40 години познат. Неговото откритие е наградено со Нобелова награда во 2015 година. Дополнително, се наоѓа на листата на т.н. есенцијални, суштински лекови на Светската здравствена организација. Единствениот од сите познати лекови досега што се употребуваа, паметиме ние, антималараци се користеа, хидроксилороквин, хлороквин. Потоа популарен стана „Ремдесивирот“ кој што е многу скап, меѓутоа, има дејство само ако се даде во првите пет дена после инфекцијата, потоа „хларипиравир“ го увезовме, ама тој е ефикасен само ако се даде во првите пет-шест дена. Овој лек, научно е докажано, има над 27 студии, покажано е дека делува не само во првите денови на инфекцијата, туку делува и во одмината фаза на болеста. И нешто што е многу интересно, може да делува и профилактично, посочува Даниловски.

За здравствените работници д-р Даниловски вели дека тројца прочуени доктори кои се во првиот ред на борбата против коронавирусот,  упатиле апел до светските здравствени авторитети да Ивермектинот биде одобрен за третман, но и за профилакса. Тоа значи дека доколку лекот се пие додека сте здрави може да го намали ризикот од инфекција.

Лекот Ивермектин се користи во Австралија, Нов Зеланд и африканските држави, а како што вели, само прашање на време е кога ќе почне да се користи и кај нас.

Во моментот во Македонија овој лек го има само во прашкаста форма за ветеринарна употреба, а за да може луѓето да го користат мора да биде во таблети.