„Главната загриженост при претерано внесување на овошје е природниот шеќер. Додека овошјето содржи многу шеќери, истражувањата константно ја поврзуваат врската помеѓу консумација на цел плод со намален ризик од развој на дебелина и други метаболички болести“, вели доктор Роберт Лустиг, автор на книга за исхрана под назив „Fat Chance“.

Овошјето, исто така содржи и други состојки кои го ублажуваат ризикот од шеќери.

Како што објаснува овој експерт, тоа содржи растворливо и нерастворливо влакно. Заедно овие два типа на влакно формираат еден вид на „решетки“ во тенкото црево, кои спречуваат значителен дел од шеќерот да се апсорбира порано во текот на процесот на варење.

„Како при спречување на бранови од цунами, правејќи подводен ѕид, оваа бариера ограничува апсорпција на шеќери, така што не го оптоварува црниот дроб“, објаснува Лустиг.

Покрај тоа што помага во контрола на апсорпцијата на шеќерот од овошјето, комбинацијата на растворливи и нерастворливи влакна од цело овошје, исто така го поттикнува и варењето на храната.

„Вашето црево му сигнализира на мозокот дека сте сити, кога она што сте го изеле ќе го наполни третиот дел од вашето тенко црево – илеум. Тогаш влакната им помагаат на молекулите од храната побргу да го пополнат илеумот, поради што ќе се чувствувате посити, во однос на тоа кога би јаделе храна без влакна“, вели Лустиг.

Сепак, претераната консумација има и свои лоши страни. Претераното внесување на свежо овошје може да предизвика дијареја.