Што се случува во МКФ? Кој стои во позадина? Дали сето ова е само уште една од „специјалните“ ситуации кои ги плете и смислува „големиот“ ум на министерот за здравство, Венко Филипче? До кога партиски полтрони и војници ќе добиваат позиции, независно од едукацијата, знаењето, искуството и капацитетите? До кога неспособен кадар ќе ни ја води државата? И ако се земе дека наводно тоа е вистина, во кој правец тогаш и каде оваа власт ја води државата?

Горан Петрушев е лицето кое стои позади МКФ, се води како специјален едукатор, но за него ништо повеќе не е напишано. Доколку се побара на интернет и се изанализира кој е Горан Петрушев, се доаѓа до следните податоци:

Освен тоа што Горан Петрушев е главен координатор на националото тело за Меѓународната Класификација на Функционалност и попреченост, тој воедно и фигурира како претседател на здружението на дефектолози во Македонија, што од една страна за него посочува колку е тој „способен“, а од друга страна преставува судир на интереси, каде дотичниот Горан Петрушев не може да се појавува како главно лице на две и повеќе институции во државата.

Од неофицијални извори се дознава дека Горан Петрушев е лице поврзано и многу блиско до Мила Царовска, претходната министерка за труд и социјална политика. Поради контактите со министерката, Горан требало да биде назначен за директор на центарот за слух и говор, но бил назначен како директор на МКФ поради тоа што оваа институција е под надлежност на МТСП.

Неофицијално дознаваме дека Горан Петрушев бил во минатото масер, кој со помош на „масирањето“ успеал да заврши факултет, за да подоцна во неговиот професионален ангажман истиот го искористи за да напредува. Во напредувањето му потпомагаат и врските со Славчо Додевски, вработен како дефектолог во владата на оваа владеачка гарнитура, кој му помага на Горан преку контакти со министерот Филипче и лицето ЗЗ да успеат успешно да ги бркаат работите и да ја доведат институцијата МКФ во оваа ситуација во која е денес. Пред раб на префрлање од едно во друго министерство, само и само поради фактот дека во овој момент не одговара министерството под кое се наоѓа оваа институција. На тој начин ставајќи ја институцијата со нерешени многу прашања и статуси во новото министерство каде МКФ откако ќе се префрли ќе потпаѓа, а со тоа ставајќи ги во неизвеснот и несигурност и непотребно доведувајќи ги на „тенок мраз“ потребите, барањата и се останато на лицата со попреченост, кои секојдневно зависат од оваа институција и нејзината помош.

До пред извесен период од извори во ЗДС, неофицијално ни беше соопштено дека директорот на Здравствен Дом – Скопје, Виктор Исјановски бил отворено против трансферот на МКФ, но сега одеднаш ставот е сменет. Дали тоа се должи на одредени ветувања, подобри позиции, поголеми ангажмани и бенефити, па сега и директорот Виктор и неговиот помошник Бесим се согласни за МКФ да потпадне под нив односно под МЗ и дали тоа е причината поради која се однесувале така насилнички и агресивно како што тоа беше демонстирано во драмата која се одржа во просториите на ЗД-Скопје пред некој ден, поточно на 06.02.2020 година?

Кога некој од прозваните, одговорни и „видни“ личности од власта ќе одговори на овие прашања? Кога ќе излезе вистината на видело?