Научниците конечно го добија одговорот на ова прашање.

Појавата на седи влакна најчесто се поврзува со стареење, иако секогаш се верува дека една од главните причини може да биде стресот.

Науката вели дека можеме. Истражувањата покажаа дека причините за оваа појава се многубројни – години, наследен фактор и, се разбира, стрес.

Првите седи влакна, во просек, кај мажи и жени обично се појавуваат околу 30-те години, иако тоа често зависи и од генетиката.

До неодамна, немаше научно објаснување зошто стресот, нервозата, грижата и сл. влијаат на појавата на седи влакна. По неодамнешното истражување, експертите се еден чекор поблиску до одговорот.

Експериментот, кој го спроведоа американски и бразилски научници, а кој е спроведен на глувци, открива дека стресот предизвикува оштетување на матичните клетки, предизвикувајќи појава на седи влакна. Глувците со темни влакна биле изложени на болка неколку недели, а која влијаела и на нивните матични клетки. Последица е тоа што целосно побелеле во тој период. Што всушност се случило?

Болката предизвикала ослободување на адреналин и кортизол, подигајќи го крвниот притисок и забрзувајќи го срцето, влијаело на нервниот систем и почетокот на акутен стрес. Овој процес ја забрзал потрошувачката на матични клетки кои произведуваат матанин во фоликулите на косата.

Истражувачите од Харвард и Универзитетот во Сао Паоло веруваат дека нивната студија ќе овозможи превенција на овој процес и кај луѓето.