По вчерашната најава на прес конференција на Филипче дека неговиот следен чекор е да се дадат и лиценци за трансплантации на приватните болници. Заради тоа што тој планира трансплантацијата да се прошири. Посебно за бубрезите кои традиционално се изведуваат во Македонија.

Зошто лиценци да се даваат на приватни болници кога исто на вчерашната прес конференција Филипче дури и потврди дека за прв пат е извршена имплантација на една форма на вештачко срце пред неколку дена на наш пациент и се направи на Клиниката за кардиохирургија.

Со ова се отвора во јавноста едно прашање, дали Филипче со ова мерка за давање на лиценци на приватни болници за трансплантации на органи создава плодна почва за трговија на органи. Ова прашање се отвора по самото кажување на министерот дека се извршуваат успешно трансплантации и во државната Клиника, чуму тогаш лиценци на приватни болници кога имаме услови и во самата Клиника?