На социјалните мрежи во последно време тренд е миење на лицето со солена вода за кое корисниците наведуваат дека е добро за отстранување на акните и намалување на црвенилото на кожата.

Во повеќето случаи, мешаат обична топла вода од чешма, која ја истураат во шише со распрскувач и додаваат обична кујнска или морска сол. Потоа ја нанесуваат смесата на лицето и ја оставаат да се исуши, а потоа го мијат лицето со обична вода.

Дерматолозите, се разбира, го дадоа својот збор за овој тренд. Од една страна, предупредуваат дека солта може да ја исуши кожата и да ја загрози нејзината бариера, а од друга, не оспоруваат дека солената вода би можела да биде корисна за отстранување на вишокот маснотии или за ублажување на промените предизвикани од псоријаза.

Д-р Мариса Гарсик, дерматолог од Њујорк, во изјава за тамошните медиуми посочува дека миењето со солена вода може да помогне да се намали вишокот маснотии и дека тоа би било корисно за луѓето со мрсна кожа.

– Солената вода може да делува како механички пилинг и да придонесе кожата да биде посветла и помазна – вели д-р Гарсик.

Но, таа предупредува дека користењето солена вода може да предизвика иритација кај луѓето со почувствителна или сува кожа.

Д-р Горана Исаиловиќ, специјалист по дерматовенерологија вели дека никогаш не би го пробала ефектот од комбинацијата на топла вода од чешма и сол на себе.

– Кој сака да проба нека го направи, но јас никогаш не би го направила и не би го ни препорачала – категорична е д-р Исаиловиќ.