Неиздржливиот притисок во главата можете да го решите со аспирин, но не заборавајте дека тој е синтетички производ кој може да му наштети на вашиот организам. Главната состојка во аспиринот е салицин, кој смирува болки, но кој исто така може да се најде и во jaткастите плодови.

Дланка полна бадеми може да биде вашиот природен аспирин, која на некој начин дури има и поголем ефект од овој лек, а нема несакани дејства кои можат да му наштетат на вашиот организам. Главоболката обично се појавува во страничниот дел од главата, а тоа предизвикува намалена концентрација, раздразливост и умор.

Најчестите причини за главоболките се обично стрес, напнатост, грип, воспаление на синусите како и проблеми со дигестивниот систем. Експертите велат дека оваа непријатна состојба треба да се третира како симптом, а не како болест. Доколку главоболката не ви се смирува, обидете се да се опуштите, медитирајте, туширајте се и не заборавајте на бадемите – тие можат да ви бидат од огромна корист.

10-тина до 12 бадеми на ден ги намалуваат и спречуваат главоболките, па доколку редовно ги консумирате има големи шанси засекогаш да се збогувате со оваа непријатна состојба.