Професорот на Медицинскиот факултет, доктор Драган Даниловски за еден од нашите електронски медиуми посочи дека новиот симптом кој се поголем број на пациенти кои имаат прележано Ковид-19 го пријавуваат е невролошки симптом. Станува збор за т.н. „мозочна магла“ која може да трае и повеќе месеци по поминувањето на болеста, објаснува Даниловски.

– Симптомите на „мозочна магла“ се проблеми со меморијата, недостиг на ментална јасност, слаба концентрација, чувство на отсутност, главоболки и конфузија. Многубројни студии откриле дека некои луѓе што имале Ковид-19 развиваат компликации како што се изменета свест или енцефалопатија. Воспалението во мозокот ја попречува можноста на невроните да комуницираат едни со други. Ова може да биде еден од факторите што придонесува за појава на „мозочна магла“, вели д-р Даниловски во својата изјава за медиумот.