До почеток на 2019 година нема да има даночни реформи, а потоа ќе се отвори дебата за дали и колку ќе бидат зголемени даноците. Според изјавата на првиот човек на Владата, јавноста сега била фокусирана кон други важни работи, па за даночните реформи ќе се дебатира дури наредната година, во време кога Владата и Парламентот ќе одлучат дека е соодветно.
Премерот ги негираше тврдењата дека Владата утврдила до 1.000 евра да се плаќа како и досега 10 проценти, а над 1.000 евра да се плаќа поголем данок, но сепак потврди дека преку дебата ќе се донесе одлуката за даночните реформи и за колку тие би биле поголеми.
Граѓаните пак лути, велат не сакаат повисоки даноци, ниту пак плус давачки кои им ја загрозуваат егзистенцијата која е на раб. Скопјани зборуваа дека не гласале за повисоки давачки туку за живот кој се уште не го виделе.
Работната верзија на новиот Закон за персонален данок на доход која се уште не е финализирана и официјално објавена, но детали од неа веќе испливаа на интернет предвидува граѓаните и компаниите да плаќаат и за каматите на своите депозити во банките. Стапката би се вовела за оние што остваруваат добивка која е поголема од 15 илјади денари годишно.
Со новите прописи од оној драфт закон кој кружи по порталите ,треба да биде воспоставена единствена стапка од 15% што е зголемување од 5 процентни поени и за сите приходи, без оглед на нивната висина, од интелектуална сопственост, од закуп и подзакуп, од капитал, од капитални добивки, од игри на среќа и од осигурување.
Од Министерството за финансии ниту ги потврдуваат ниту демантираат ваквите информации, но признаваат дека се прават анализи за измени на даночната политика.
Инкау, досега Македонија имаше рамен данок односно единствена стапка од 10% а приходите од камати беа целосно ослободени од оданочување.