Дебакл на мерките на Спасовски и Шилегов: Редуцираните автобуси во Скопје утрово станаа фактор на ризик (ФОТО)

На повеќе Фејсбук групи утрово осамнаа фотографии со автобуси во Скопје, преполни со луѓе. Некои од нив носат заштитни маски и ракавици, а некои не, според коментарите на граѓаните, во…

На повеќе Фејсбук групи утрово осамнаа фотографии со автобуси во Скопје, преполни со луѓе. Некои од нив носат заштитни маски и ракавици, а некои не, според коментарите на граѓаните, во автобусите кои сообраќаат по редуциран (саботен) возен ред.

На фотографиите може да се забележи дека во автобусите буквално нема место да се влезе, а во време на епидемија на корона вирус, една од мерките која строго треба да се почитува, освен седењето дома, е и задолжително растојание меѓу граѓаните од најмалку 1,5 метар, а во автобусите тоа не е пример, иако истите, како што објавија од ЈСП, редовно се дезинфицираат.


Related Articles