Во последниве 24 часа во Србија од извршени 8028 тестирања, коронавирусот е потврден кај 81 лице. Починати случаи нема, а 13 лица се ставени на респиратор.

Српското министерството за здравство, пак денес потврди дека се регистрирани првите два случаи на делта инфекција со коронавирусот. Според министерството, станува збор за лица кои неодамна се вратиле од странство.

Сe работи за двајца помлади пациенти кои во моментот се во стабилна општа состојба и не се вакцинирани.

Секвенционирањето било извршено во Специјалистичкиот ветеринарен институт во Кралево.