На 12 мај 1965 започна празнувањето на меѓународниот ден на медицинските сестри. За време на пандемијата со Ковид-19 со зголемувањето на бројот на хоспитализирани пациенти, медицинските сестри играат важна улога во грижата на овие лица. Овој ден се одбележува секоја година, а целта е да се оддаде признание на трудот и работата на медицинските сестри.

Во Македонија медицинските сестри работат и за плата од 12 000 денари, а дел од нив немаат здравствено и пензиско осигурување. Еден дел од нив работат со договори на дело, иако државава се соочува со сериозен недостиг и одлив на овој медицински кадар.

Претседателка на Здружение на медицински сестри „За нас“, Гордана Бешлиовска, посочи дека дури и на клиниката за инфективни болести ги имаме со статус договор на дело и имаме конкурси со кои што на тој начин се ангажираат за потребите во моментов. На ваков начин незадоволството е големо и после едукацијата се решаваат да заминат затоа што не им е решен статусот.

Медицинските сестри побараа носење на закон за сестринство, со кој што сите овие проблеми ќе се регулираат. Министерот Венко Филипче пак на својот фејсбук профил им го честиташе Меѓународниот ден на медицинските сестри, и посочи дека нивната плата била зголемувана неколкукратно, започнувајќи од 2018 па се до денес.

Од Здружението на сестри, техничари и акушерки, пак посочија дека нерешениот статус е навреда за овој кадар, кој е столб на здравствениот систем.