Денес нови 37 случаи на коронавирус во Македонија, две лица починаа

Од министерството за здравство денеска соопштија дека се потврдени нови 37 случаи на коронавирус во земјава, со што вкупната бројка порасна на 1207 инфицирани. Две лица починаа, а 15 се…

Од министерството за здравство денеска соопштија дека се потврдени нови 37 случаи на коронавирус во земјава, со што вкупната бројка порасна на 1207 инфицирани. Две лица починаа, а 15 се оздравени.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 15 излекувани пациенти, шест пациенти од болничко лекување и девет кои се лекувале во домашни услови.

– Починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети, појаснуваат во соопштението од МЗ.

 

Во изминатите 24 часа потврдени се 37 нови случаи на Ковид-19 и тоа Скопје-8, Куманово-9, Прилеп-5, Тетово-3, Велес-3, Охрид-8 и Кочани-1. Со ова вкупниот број на лица заразени со коронавирусот во Скопје се искачи на 409, во Куманово 329, Прилеп 117, Тетово 55, Велес 58, Охрид 15 и Кочани 27.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55, од кои 17 се на кислородна поддршка, а пет се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови, а вкупно се хоспитализирани 34 пациенти. Седум пациенти се приклучени на респираторна машина. Од болницата со дозвола на ДЗСИ се испишани три пациенти, се уште позитивни, но во општа добра состојба кои продолжуваат со лекување во домашни услови, под постојан лекарски надзор и редовни контролни брисеви.

Во болницата во Битола, се посочува, се хоспитализирани 13 пациенти, од нив три се на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат пет ковид позитивни пациенти, испишано е едно четиричлено семејство. Нивните први контролни брисеви се негативни, а пациентите се во општа добра состојба. До вториот негативен контролен брис, информираат од МЗ, пациентите ќе бидат под редовен лекарски надзор. Преку болницата во Штип се следат уште 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.


Related Articles