Денес не очекува претежно сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8, а температурата ќе се движи во интервал од 5 до 32 степени. Во Скопје не очекува сончево време со температура до 29 степени.

Во текот на утрешниот ден времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од понеделник следува период на променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.