Министерството за здравство доцна вечерва информира дека во последните 24 часа се направени 2 731 тестирања, а се потврдени 913 нови случаи на Ковид-19. Регистрираните случаи се од: Скопје-459, Велес-79, Прилеп-78, Тетово-44, Охрид-37, Битола-33, Струмица-26, Куманово-25, Кавадарци-24, Штип-18, Струга-11, Делчево-10. 9 случаи се регистрирани во Гостивар и Свети Николе, 8 во Кочани, по 5 во Кратово, Кичево и Неготино, 4 во Виница, по 3 во Гевгелија, Крива Паланка, Радовиш, Крушево и Демир Хисар, 2 во Пробиштип, Валандово и Ресен и по 1 случај е регистриран во Дебар, Пехчево и Берово.
Институтот за јавно здравје регистрира 421 оздравени пациенти од: Скопје-199, Куманово-18, Штип-15, Прилеп-25, Тетово-25, Струга-6, Велес-11, Битола-7, Охрид-14, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-16, Струмица-26, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-1, Свети Николе-7, Кичево-7, Неготино-4.
Од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 24 лица. Починатите се двајца пациенти од Скопје на 77 и 67 години, еден од Куманово на 59 години, четири пациенти од Прилеп на 70, 61, 79 и 45 години и тројца пациенти од Велес на 82, 78 и 82 години. Потоа, починати се двајца пациенти од Битола на 80 и 62 години, тројца пациенти од Охрид на 67, 64 и 68 години, двајца од Гостивар на 66 и 68 години, шест пациенти од Струмица на 75, 64, 75, 60, 37 и 61 година и еден пациент од Пробиштип на 69 години.
На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се седум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 160 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 130 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и две суспектни деца на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 376 позитивни и сомнителни на Ковид-19.